Процесирање на сигналите

Процесирање на сигналите

1.

Наслов на наставниот предмет

Процесирање на сигналите

Signal processing

2.

Код

F23L3S047

3.

Студиска програма

Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Software engineering and information systems, Компјутерско инженерство, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Компјутерско инженерство, Стручни студии за програмирање, Стручни студии за програмирање,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

3 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

проф. д-р Ласко Баснарков

9.

Предуслови за запишување на предметот

Математика 1 или Калкулус 1

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Познавањето на основите и техниките на дигиталното процесирање на сигнали е важно за секој инженер кој работи на апликации каде што има процесирање на сигнали. Со курсот студентите се воведуваат во теоретските основи дигитално процесирање на сигнали кои вклучуваат дискретизација, Фуриеова и z – трансформација. Студентите ќе стекнат и познавања од основните алатки како што се дигиталните IIR и FIR филтри. Во курсот ќе бидат дадени и основите на теоријата на управување. Преку бројните примери и вежби студентите ќе научат и практично да користат готови алатки за процесирање на сигнали.

11.

Содржина на предметната програма:


Предавања: 1. Вовед во дигитално процесирање на сигналите и потребните математички вештини 2. Основни сигнали во дискретно време и операции со нив 3. Дискретна Фуриеова трансформација и Фуриеова трансформација во дискретно време 4. Врски меѓу Фуриеовите трансформации и нивни особини 5. Брза Фуриеова трансформација 6. Линеарни временски инваријатни системи 7. z – трансформација и инверзна z – трансформација 8. Дигитални филтри. Дизајнирање на филтри 9. Земање примероци и интерполација 10. Процесирање на стохастични сигнали и квантизација 11. Дводимензионална Фуриеова анализа 12. Основи на теорија на управување Вежби: 1. Повторување на математичките алатки потребни за дигиталното процесирање на сигналите 2. Решавање задачи со основните видови сигнали во дискретно време 3. Решавање задачи со Дискретна Фуриеова трансформација 4. Решавање задачи каде што се применуваат особините на Фуриеовите трансформации 5. Решавање задачи со практично пресметување на дискретната Фуриеова трансформација 6. Решавање задачи со линеарни временски инваријатни системи 7. Решавање задачи со z – трансформација и инверзна z – трансформација 8. Решавање задачи со дизајнирање на филтри 9. Решавање задачи со земање примероци од сигнали и интерполација 10. Решавање задачи со стохастични сигнали и квантизација на сигнали 11. Решавање едноставни задачи со дводимензионална Фуриеова анализа 12. Решавање едноставни примери со теорија на управување

12.

Методи на учење:


Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

10 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

70 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани актибвности 15.2 и 16.1

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

4651

Paolo Prandoni and Martin Vetterli

Signal Processing for Communications

EPFL Press

2008

4652

Winser Alexander and Cranos Williams

Digital Signal Processing: Principles, Algorithms and System Design

Academic Press

2016

4653

Li Tan and Jean Jiang

Digital Signal Processing: Fundamentals and Applications

Academic Press

2013

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година