Компјутерска анимација

Компјутерска анимација

1.

Наслов на наставниот предмет

Компјутерска анимација

Computer Animation

2.

Код

F23L3S113

3.

Студиска програма

Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Software engineering and information systems, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Стручни студии за програмирање, Стручни студии за програмирање, Софтверско инженерство,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

3 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

доц. д-р Бобан Јоксимоски проф. д-р Иван Чорбев

9.

Предуслови за запишување на предметот

Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


По завршување на курсот се очекува студентите да се оспособени за основни методи за продуктивно создавање на компјутерски базирани анимации, за работа во апликации за создавање анимации и можат самостојно да моделираат, текстурираат, ригуваат, осветлуваат, анимираат, рендерираат и композитираат дигитални сцени.

11.

Содржина на предметната програма:


Предавања: 1. Вовед во предметот, историја на традиционалната анимација, историја на компјутерска анимација 2. Запознавање со околините за развој на компјутерска анимација. Дводимензионална и тродимензионална компјутерска анимација. Основни концепти на виртуелни сцени. Хиерархија на објекти 3. Техники за креирање на дигитални објекти. Репрезентација на дигитални објекти. Вовед во полигонално моделирање на објекти. 4. Бејзерови криви. Б-Криви. Разработка на NURBS геометрија. Останати видови на моделирање на дигитални објекти. Тесалација 5. Деформирање на едноставни објекти. Линеарни и нелинеарни алгоритми за деформирање. Дефинирање на простори за деформација 6. Виртуелни карактери. Генерирање на скелет за карактери. Поврзување на модели со скелет. Кинематика на движење. 7. Принципи на анимација. Креирање на аниматик 8. Дигитално сенчање и дигитални материјали. Својства на дигитални материјали. 9. Разработка на текстурни координати. Употреба на готови текстури 10. Осветлување на сцена. Својства на светла. Интеракција на светла со материјали. Сенки. Техника на следење на зрак. 11. 3Д Камера. Стереоскопија 12. Автоматизација на процеси. Јазици за проширување на сцените. Формати за пренос на податоци. Додатоци 13. Рендерирање и типови на рендери. Излезни формати од сцена. 14. Основи на дигитално композитирање и постпродукција Вежби: 1. Генерално запознавање со процесите во компјутерската анимација. Задавање на првата самостојна работа 2. Вовед во интерфејс на одбрана околина за развој на анимации. Навигација во тродимензионална сцена. Типови на координатни системи. Репрезентација на дигитални сцени. 3. Моделирање на тврди тела. 4. Техники при моделирање на меки тела. Употреба на криви и NURBS геометријa 5. Употреба на деформери за моделирање. Комбинирање на деформери 6. Ригување на бипед 7. Анимирање на дигитални карактери. 8. Сенчање на дигитални објекти. Употреба на преподготвени материјали 9. Употреба на текстури при креирање на дигитални објекти. 10. Осветлување на дигитална сцена. Светлосни линкови 11. Основни техники за работа со камера. 12. Креирање на алатки за автоматизација. 13. Склопување на финална сцена. Рендерирање на сцена 14. Припрема на дигитален рендер за приказ. Корекции во постродукција

12.

Методи на учење:


Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

20 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

20 бодови

17.4.

Завршен испит

0 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

3950

Rick Parent

Computer Animation: Algorithms and Techniques, 3rd Edition

Newnes

2012

3951

Akenine-Möller, Tomas, Eric Haines, Naty Hoffman

Real-Time Rendering, Fourth Edition

A K Peters/CRC Press;

2018

3952

Jeremy Birn

Digital Lighting and Rendering (3rd Edition)

New Riders

2013

3953

Matt Pharr, Wenzel Jakob, and Greg Humphreys

Physically Based Rendering: From Theory To Implementation, 3rd Edition

‎ Morgan Kaufmann

2016

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година