Основи на генетско инженерство

Основи на генетско инженерство

1.

Наслов на наставниот предмет

Основи на генетско инженерство

Fundamentals of Genetic Engineering

2.

Код

m23_s_002

3.

Студиска програма

Пресметување во облак, Data science in computer science and engineering, Управување во информатички технологии, Безбедност, криптографија и кодирање, Едукација со ИКТ, Еко-информатика, Интелигентни системи, Интернет технологии и сајбер безбедност, Компјутерски науки, Статистика и аналитика на податоци, Софтвер за вградливи системи, Софтверско инженерство, Пресметување во облак, Управување во информатички технологии, Безбедност, криптографија и кодирање, Статистика и аналитика на податоци, Софтверско инженерство, Биоинформатика, Биоинформатика,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Втор циклус

6.

Академска година / семестар

5 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

виз. проф. д-р Сашо Панов проф. д-р Невена Ацковска

9.

Предуслови за запишување на предметот

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Во овој курс се прикажуваат основите на генетското инженерство. Типично методите кои се користат во генетското инженерство се сметаат за многу блиски кон биомедицинските науки. Сепак, во последната декада се покажува дека се повеќе истражувачи од класичните инженерски дисциплини се насочени кон генерирање на посакувани карактеристики користејќи ги биолошките принципи. По успешното завршување на овој предмет, студентот ќе биде во состојба да ги разбере начините на кои се одделуваат и модифицираат гените, во природата и во лабораториски услови. Студентите треба да се стекнат со проширени знаења за рекомбинантна DNA технологија (генетското инженерство) и нивната примена.

11.

Содржина на предметната програма:


Принципи на генетскиот инженеринг; методологија за манипулирање со нуклеински киселини. Прокариотски и еукариотски клетки-домаќини; вектори (плазмиди, бактериофаги, анимални вируси, хибридни и напредни вектори). Техники за внесување на егзогена DNA во клетките. Рестрикциски дигестии и мапирање на геномите. Лигирање-поврзување при клонирањето. Стратегии за клонирање; генски библиотеки; PCR како алтернатива за генското клонирање; клонирање на комплементарна DNA. Секвенционирање на DNA и мутагенеза in vitro. Геномско едитирање со CRISP/CASP системот. Генска манипулација кај експерименталните животни и моделни организми во генетиката. Примена на генетскиот инженеринг во биологијата, медицината, фармацијата и други. Етика и генетско инженерство

12.

Методи на учење:


Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

60 + 0 + 45 + 45 + 30 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

60 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

0 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

45 часови

16.2.

Самостојни задачи

45 часови

16.3.

Домашно учење

30 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

15 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

45 бодови

17.3.

Активности и учење

15 бодови

17.4.

Завршен испит

0 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

реализирани активности 15

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски или англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

7940

Сашо Панов

Основи на молекуларната биологија и молекуларната генетика

УКИМ

2014

7941

Krebs J. E., Goldstein E. S., Kilpatrick S. T.

Lewin’s Genes XII

Prentice Hall

2017

7942

Jonathan Pevsner

Bioinformatics and Functional Genomics

Wiley-Blackwell

2015

7943

Desmond S. T. Nicholl

An Introduction to Genetic Engineering, 3rd Edition

Cambridge University Press

2012

7944

Michael Burgan

Genetic Engineering: Science, Technology, Engineering

Scholastics

2016

7945

Barbara Wexler, Michael A. Hauser, Ralph R. Meyer, Michael Dietrich, Matilde Parente, Robert C. Baumiller, Charles J. Grossman

CRISPR: Genome Editing and Engineering And Related Issues

Gale, Cengage Learning

2018

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година