Во вторник, 13.12.2011, во 11:00 часот ќе се одржи предавање за примена на современи информатички технологии за иновација на образованието. 
 
Предавањето со наслов „Бабини игри“ ќе го одржат Марина Василева и Добри Јовески, носителите на втората награда на глобалниот натпревар организиран од страна на „Microsoft Partners in Learning', во кое учествуваа илјадници тимови од целиот свет. Правото на учество на натпреварот го добија освојуваќи го првото место во Европа.
 
Предавањето ќе се одржи во амфитеатарот на ТМФ.