Почитувани студенти,

Од 14-21.04.2015 ќе се одржи интензивен курс по Когнитивна роботика. Инструктор ќе биде проф. Ханс Дитер Буркхард од Хамболт Универзитетот во Берлин, Германија. Местата за курсот се ограничени.

Заинтересираните се повикува да се пријават на следниот линк http://robotika2015.b1.finki.ukim.mk/#/apply

Секоја од темите е пропратена со интензивна практична настава и програмирање во Java/NetBeans.