08/04/2011

ФИНКИ ве поканува на отворената дебата кој ќе се одржи на 12-ти април, вторник, во Информатички амфитеатар на ПМФ со почеток во 17 часот. Дебатата се одржува по повод формирањето на ФИНКИ. На дебатата ќе присуствуваат Деканите на ПМФ и ФИНКИ, како и раководството и членовите на ИИ.
За време на дебатата ќе можете да поставите прашања во врска со иднината на вашите започнати студии на ИИ, за содржините што се нудат на ФИНКИ, за наставниот кадар, како и за сите останати детали кои ве интересираат во врска со ФИНКИ. Повелете!