На 30.03 (петок) го прославуваме денот на ФИНКИ. По тој повод, ќе одржиме кратка свеченост на која ќе бидат доделени дипломи на нашите дипломци и награди на нашите најдобри студенти. Срдечно ве покануваме да не` почестите со вашето присуство.
 
Агенда:
  • 12:00   Отварање на свеченоста.
  • 12:10   Обраќање на м-р Панче Кралев, министер за образование и наука.
  • 12:20   Обраќање на м-р Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација.
  • 12:30   Обраќање на проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на универзитетот Св. Кирил и Методиј.
  • 12:40   Обраќање на вон. проф. д-р Димитар Трајанов, декан на ФИНКИ.
  • 13:00   Доделување награди на најдобрите студенти.
  • 13:30   Доделување дипломи.
  • 14:00   Коктел.
Настанот ќе се одржи во Младинскиот културен центар, на кеј Димитар Влахов бр. 15, со почеток во 12:00 часот.