Почитувани студенти, ве покануваме да присуствувате на информативната трибина на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, која ќе се одржи во среда, 15.02.2012 година, со почеток во 20:00 часот, во просторијата 117 на ТМФ (спроти Студентска служба).
 
Трибината е организирана од Студентскиот Парламент на ФИНКИ, а поканети се сите студенти на Факултетот. На трибината, на која ќе присуствуаат претставниците од Деканатот, ќе може да поставувате прашања до нив, да посочите проблем или да го кажете вашето мислење. Целта на трибината е давање можност на секој студент да го искаже своето мислење, како и да се запознаете со работата на Деканатот.
 

За повеќе информации, посетете ja Facebook страницата за настанот.