30/10/2012

Во период од 9ти до 11ти ноември 2012 година на ФИНКИ ќе се одржи WOWZAPP 2012, 48 часовен хакатон каде што ќе се развиваат Windows 8 и Windows phone 8 апликации. Овој настан за прв пат се одржува во Македонија и е од голема важност за информатичкото општество.
Поради тоа, на 31ви октомври (среда), во 20 часот на ФИНКИ во кабинет 117 ФИНКИ Tech клубот ќе одржи отворена дискусија и информативен разговор со сите заинтересирани студенти за тоа како ќе се одвива настанот, што е потребно студентите да донесат со себе и слично.
Со развивање на апликација на WOWZAPP студентите ќе имаат можност истата да ја пласираат на Windows Store, секако доколку ги исполнува условите за одобрување на Windows Store App. Студентите кои што имаат идеја можат тука да ја реализираат, оние кои што имаат семинарска која што може да биде реализирана во реален проект ќе имаат шанса да ја реализираат. За време на настанот студентите ќе имаат можност да бидат советувани од експерти во развој на Windows Store апликации.
Сите прашања кои што ги имате може да ви бидат одговорени за време на отворената дискусија за WOWZAPP 2012 хакатонот, која што ќе се одвива во кабиент 117 на ФИНКИ во среда, 31ви октомври, со почеток во 20 часот.
На оваа отворена дискусија студентите исто така ќе имаат можност самите да ги пробаат оперативните системи Windows 8 и Windows Phone 8 на таблет уреди и smartphones.
Повеќе детали за средбата можете да добиете на фан страната на ФИНКИ Tech клубот или на линкот до Facebook настанот.