Во рамки на предметот Дизајн и архитектура на софтвер ќе се одржи покането предавање во понеделник од 11 часот во Информатичкиот амфитеатар на ФИНКИ, кој се наоѓа во горната зграда на ПМФ. Предавањето на тема 'Компајлерска имплементација на објекти во C++' ќе го одржи г-дин Петар Котевски од KAMAi MEDIA.

Присуството е слободно за сите студенти на ФИНКИ. Ентузијастите можат да носат и лаптопи - ќе има кодни примери.