Во организација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и Технолошко-металуршкиот факултет, на 16.11.2011 година, со почеток во 11:00 часот, во амфитеатарот на ТМФ, предавање ќе одржи Роџер Коудри од Велика Британија, на тема “Follow your dream”.
 

За темата

 
Презентацијата ги опфаќа промените во последните 20 години и начинот на кој функционирање на денешниот свет со енормно зголемена динамика. На презентацијата ќе биде нагласено отежнувањето на предвидувањето на идните ситуациии и планирањето на времето. Презентацијата предлага младите во ова време на промени да бидат доследни на својот сон и да се придржат кон неговото остварување. Целта е да се мотивираат младите сами да си ја обезбедат нивната среќа.
 
За предавачот
 
Роџер Коудри, Велика Британија
International Business consultant 
 
15 години работи како бизнис консултант со фокус на МСП, а 20 години има работено како дел од сениор менаџментот на повеќе мултинационални корпорации. Се фокусира на градење на капацитетите на организациите, претприемништво, акредитација на бизнис советници, маркетинг и промоција и човечки ресурси.
 

Има работено во IBM, BBC, Business Support Agency, Оксфорд, ABIGEM-Eurepean Union Business Development Center и како консултант на многу проекти финансирани од Европската комисија и Светска Банка во Романија, Турција, Македонија, Либан и Бугарија.