На 21 декември, среда, со почеток во 21:21 часот, ФИНКИ ја организира својата прва предновогодишна забава во дискотеката В2. На забавата се поканети сите сегашни студенти, сите поранешни студенти од составните институти на ФИНКИ (ИИ и ИКТИ), како и сите пријатели на ФИНКИ. Дани Димитровска со нејзиниот настап ќе ја направи комплетна добрата забава.
 
Влезници за забавата студентите може да добијат на шалтерот на студентски прашања на ФИНКИ, во термините за работа со студенти, или во просторијата 161 на ПМФ, во термин од 9 до 13 часот, од понеделник до среда.
 
Напомена: Една влезница важи за 2 лица.

Сите оние кои на Facebook настанот ќе се пријават дека ќе доаѓаат, ќе бидат ставени на листа на гости и ќе може да добијат влезница на самиот влез.