21/10/2012

ПроКредит Банка нуди Програма за млади банкари. Програмата претставува шест месечен воведен курс за банкарство и финансии и се организира на квартална основа. Учесници во оваа програма може да бидат апсолвенти, дипломирани студенти или заинтересирани лица со практично работно искуство.
Избраните кандидати од страна на ПроКредит Банка се спонзорирани преку шест месечната програма. Износот на стипендијата се прилагодува за кандидатите со работно искуство.
По успешно завршениот шестмесечен курс од страна на... кандидатот, постои голема можност да добие понуда за вработување од страна на банката. Сепак, не постои законска обврска за склучување на договор за вработување меѓу кандидатот и Банката. Ако резултатите на учесникот во текот на период од шест месеци не се задоволителни, програмата може да му биде прекината со претходно известување во рок од две недели.
Покрај фокусот на математика и сметководство, оваа програма, исто така опфаќа комуникација, аналитичко размислување и сите теми поврзани со банкарството. Програмата вклучува теоретски предавања и практична обука во експозитурите и услужните центри на ПроКредит Банка Македонија.

Презентацијата ќе започне на дел од вториот час на предавањето по ДКС во просторијата 223 во среда, 24.10.2012 година. Повеќе детали за презентацијата можете да добиете на Facebook настанот.