Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе биде дел и од овогодишното издание на Денови на кариера и образование, кое ќе се одржи од 25 до 28.04.2012 година на Скопскиот Саем. На штандот на Факултетот, матурантите ќе имаат шанса да се информираат за можностите за студирање на ФИНКИ.
 
Саемот е отворен за посетители од 10 до 20 часот, а цената на влезниците е 30 денари по посетител, односно 20 денари за групна организирана посета.
 
Ве очекуваме!