
Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје организира семинар на тема е-Инфраструктури за македонските истражувачи и ги поканува сите заинтересирани да учествуваат.
Целта на овој семинар е запознавање на поширок круг на истражувачи од земјата со потенцијалот кој е на располагање на национално, регионално и европско ниво, во делот на е-Инфраструктури (академска компјутерска мрежа, ГРИД инфраструктура, ресурси за пресметување со високи перформанси-ХПЦ).
Семинарот ќе се одржи во Амфитеатарот на МАНУ на 21.06.2012, 09:00-13:30 часот.
Ве повикуваме да земете учество на овој настан со цел да ги согледате можностите за користење на е-Инфраструктурите и начините на кои тие можат да придонесат во развојот на науката во Македонија.
Ве молиме вашето присутство да го потврдите со регистрација на следиот линк.
Агендата на настанот можете да ја видите на македонски и англиски јазик.