Од 22 до 27 август во организација на ФИНКИ, во Охрид ќе се одржи работилницата на меѓународниот проект Software Engineering: Computer Science Education and Research Cooperation под покровителство на ДААД и пактот за стабилност за Југоисточна Европа.
На работилницата ќе учествуваат над 60 професори и соработници од следниве универзитети: Универзитетот Хумболд од Берлин, Германија, Универзитетот Де Монфорт од Лестер, Велика Британија, Универзитетите од Нови Сад, Белград и Ниш од Србија, Универзитетот Паисиј Хилендарски од Пловдив, Бугарија, Универзитетите од Загреб и Ријека од Хрватска, Техничкиот универзитет одТемишвар, Романија, Универзитетот во Сарајево, Босна и Херцеговина, Политехничкиот универзитет од Тирана, Албанија, Универзитетот во Подгорица, Црна Гора и секако, домаќинот УКИМ од Скопје.
На работилницата ќе бидат презентирани повеќе од 50 трудови од областа на софтверското инженерство и сродните области.