Почитувани студенти, ве покануваме да присуствувате на предавањето 'Стив Џобс - Човекот кој го промени светот!', коe ќе се одржи во четврток, 08.03.2012 година, со почеток во 12:00 часот, во амфитеатарот на ТМФ.
 
Инспирирани од најпродаваната книга за 2011 година според Амазон, биографијата на Стив Џобс од Волтер Исаксон, предавањето ќе го одржат студентите Јанко Дракуловски и Виолета Крлевска.
 
Гости на предавањето ќе бидат: проф. д-р Димитар Трајанов, Декан на ФИНКИ, проф. д-р Владимир Трајковиќ, Продекан за наука и соработка на ФИНКИ и Бојан Саздов, уредник во Издавачки Центар Три, кој ја објави верзијата на биографијата на македонски јазик.
 

Следува мало изненадување за присутните. За повеќе информации, посетете ja Facebook страницата за настанот.