Во сабота, 27 април 2013 година, со почеток во 10 часот ќе се одржи тестирање за пријавените кандидати за курсот „Основи на роботика“ кој ќе се одвива како дел од летната школа за талентирани млади. Тестирањето ќе се одржи од страна на ФИНКИ, во Амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет и ќе се состои од теоретски испит со прашања и задачи по предметите математика (тригонометрија, алгебра), физика (основи на кинематика и динамика) и основи на програмирање (структурно програмирање во програмски јазик по избор на ученикот).