ФИНКИ го одбележува месецот на сајбер безбедноста со официјално започнување со работа на новиот сајт на FINKI-CIRT https://cirt.finki.ukim.mk/mk/doma/ кој првенствено служи за прибирање информации за компјутерски поврзани инциденти во мрежата на ФИНКИ. Отсега имате можност да пријавите инцидент поврзан со сајбер безбедноста на ФИНКИ. Тимот на FINKI-CIRT ќе ја разгледа пријавата и соодветно ќе реагира на настанот.
Освен известувања за скорешни инциденти, на сајтот ќе најдете и дополнителни информации врзани со сајбер безбедноста, како и корисни совети за подигнување на нивото на безбедност на вашите кориснички сметки и уреди. Дополнително, тука ќе бидат објавувани и известувањата за закажани настани и тренинзи од областа на сајбер безбедноста.
Воедно би сакале да ја искористиме оваа прилика и да ги повикаме сите заинтересирани студенти кои сакаат активно да се вклучат во работата на FINKI-CIRT да не контактираат на cirt@finki.ukim.mk. Бараме ентузијасти за справување со инциденти, автори на интересни статии, блогери, влогери, хакери, пен-тестери, ..., или едноставно вљубеници во уметноста на сабјер безбедност.