Ана Тодоровска е родена во 1998 година во Битола. Основно и средно образование завршила во Битола со континуриан одличен успех. На додипломски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство се запишала во 2016 година, на насоката Компјутерски науки и инженерство - англиски јазик. Во текот на студиите изведувала практична работа во компаниите "Sorsix" и “Idox Health”, а во 2019 година била ангажирана како лаборант на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Дипломирала во 2020 година со дипломскиот труд “Платформа за споделување и изнајмување на облека”, под менторство на проф. д-р Димитар Трајанов. Истата година се запишала на постдипломски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, на насоката Управување во информатички технологии. Од декември 2020 година е вработена на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Области на нејзин научно-истражувачки интерес се машинско учење, наука базирана на податоци, обработка на природни јазици, апликативен софтвер, софтверско инженерство, бази и складишта на податоци.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК