Почитувани студенти, со цел унапредување на наставата и зголемување на нејзиниот квалитет, на ФИНКИ е направен потполно нов систем за анонимни студентски анкети. Системот е достапен на students.finki.ukim.mk, на линкот Анкети. Системот е развиен до страна на развојниот тим на ФИНКИ составен од постдипломци и претставници на СП ФИНКИ, сé со цел да се гарантира целосната анонимност на одговорите на студентите.

Анкетите за сите студенти се задолжителни, но анонимни. Од системот iKnow се преземаат информации за запишаните предмети и соодветните наставници, а потоа се забележува само информација дека тој студент пополнил анкета за тој предмет. Врската кон одговорите на прашањата од студентите не постои, со што се гарантира целосна анонимност. За да нема сомневања, целиот изворен код на системот ќе биде објавен јавно на увид на сите заинтересирани.

Прашањата во анкетите се стандардизирани на ниво на УКИМ, како дел од процедурата за самоевалуација. Ве повикуваме во периодот до 01.10.2017 година да ги пополните анкетите за предметите кои сте ги слушале во летниот семестар. Пополнетите анкети ќе бидат услов за заверка на зимскиот семестар и упис на летниот за учебната 2017/2018 година.

Ве молиме за реално оценување, како и за што поконструктивни коментари, се со цел да се подобри квалитетот на наставата, да се пофалат оние кои тоа го прават на вистинскиот начин и да се искритикуваат оние кои не го прават тоа така. Ви благодариме за соработката