Преку програмата A1 WayUp во потрага сме по 8 дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии, со познавање од областа на Data science и Data analytics кои во А1 Македонија ќе имаат можност да се стекнат со нови знаења, практична работа и искуство.

Учесниците ќе имаат можност веднаш да ја започнат својата кариера преку работа на реални проекти поврзани со обработка на Data заедно со нашите искусни тимови од кои ќе добијат целосна поддршка и едукација за да ги усовршат своите знаења.

Периодот за аплицирање трае од 12 август до 3 септември 2021 година, а сите заинтересирани може да испратат кратка биографија и преку формулар да се пријават за еден од осумте проекти предвидени во оваа програма. Процесот на селекција ќе се изврши согласно потребните компетенции и вештини на кандидатите, дополнителна евалуација на компетенции и тестови за лични карактеристики, а селектираните кандидати ќе бидат повикани на финално интервју за детално запознавање со сите услови за работа.

Програмата е платена и трае една година, со полно работно време од 40 часа, а можат да се пријават дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии. Кандидатите кои ќе работат како дел од тимот за Data science потребно е да имаат основно познавање на концептите за машинско учење, SQL и Python, додека делот Data analytics е наменет за кандидатите кои уживаат да работат со бројки, организирање и толкување статистички податоци и кои сакаат да работат на проекти поврзани со финансии, маркетинг автоматизација, логистика и набавки и секако анализа на податоци за корисничко искуство.

Целта на A1 Way up е да им пружи на младите богато работно искуство исполнето со предизвици во една од најактуелните теми на денешницата – DATA. Веруваме дека оваа програма би била интересна за Вашите студенти, па затоа би сакале да ве замолиме да ги известите преку вашите канали за комуникација и да ги мотивирате да аплицираат за истата.

 

Сите заинтересирани кандидати може да се пројават на следниот линк и да започнат со A1 Way Up.

1