Сеавус Инкубатор го отвори повикот за пријавување на стартапи, тимови или претприемачи кои работат во областа на информационите технологии за првата пред-акцелераторска програма во Македонија.
Програмата ќе се одвива во текот на осум недели и има за цел да обезбеди вештини и знаење кои ќе им помогнат на стартапите да направат прототип, да лансираат производ на пазарот или да го финансираат својот бизнис. Како ментори се јавуваат менаџери и експерти од Сеавус, но и интернационални експерти и докажани професионалци во својата област.
Пред-акцелераторската програма е целосно ко-финансирана од Сеавус и проектот ИМЕ, имплементиран од Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА Плус и токму затоа ќе биде бесплатна за избраните учесници.
Покрај тоа, обезбедено е финансирање на најдобрите идеи, при што стартапите ќе можат добијат средства за дополнителен развој на својот бизнис.
Сите заинтересирани студенти може да аплицираат на веб страната на Сеавус Инкубатор: http://www.seavusincubator.com/pred-akceleratorska-programa-2016/