1. Општи информации

Постдипломските студии по биоинформатика ќе ги оспособат студентите за разбирање, развивање и користење на напредни алгоритми и техники за анализа, индексирање, пребарување и користење на податоци од биолошките бази на податоци, како и моделирање на настаните и процесите кои се случуваат на ниво на клетка, орган или организам, вклучувајќи ги најновите достигнувања од областите бази на податоци, молекуларна биологија, генетика, машинско учење и податочни науки.

  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
  • Назив на студиската програма: академски студии од вотр циклус по Биоинформатика
  • Научно - истражувачко подрачје: техничко-технолошко / природно математичко
  • Поле: компјутерски техника и информатика / информатика
  • Области: Вештачка интелегенција, Интелигентни системи, Програмски јазици и системи, Бази на податоци, Нумеричка анализа, Алгоритми, Симулација, Обработка на информации, Процесирање на податоци, друго.
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС или 120 ЕКТС кредити.
  • Траење на студиите: 2 или 4 семестри.
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
  • Во првиот и во вториот семестар се изведуваат наставни предмети, додека пак во вториот семестар дополнително се изработува и завршниот проект, т.е. магистерската тема.
  • Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на компјутерски или биолошко-медицински науки кои носат најмалку 240 или 180 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
  • Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со првиот семестар на постдипломските студии.
  • Прв семестар: 2 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
  • Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен, од кои еден може да биде од универзитетска листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект – магистерска тема од 18 ЕКТС
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман
  • Бројот на контактните часови е 4
  • Академскиот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите е:

Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од област биоинформатика

 

2. Студии

Табела 3: Структура на предмети во IX и X семестар

РБ Предмет Семестар З/И ЕКТС
1 Основи на молекуларна биологија IX З 6
2 Основи на биоинформатиката IX З 6
3 Изборен од табела 4 IX И 6
4 Изборен од табела 4 IX И 6
5 Изборен од табела 4 IX И 6
6 Напредни математички и статистички техники X З 6
7 Изборен од табела 4 X И 6
8 Магистерска тема X З 18

 

Во табела 4 се дадени изборните предмети од студиската програма биоинформатика. Освен овие предмети, студентот може да избира и од сите изборни предмети дефинирани за сите студиски програми од вториот циклус кои ги сервисира факултетот. Еден изборен предмет може да се избере од универзитетската листа на слободни изборни предмети. Табела 4: Изборни предмети

Табела 4: Изборни предмети

РБ Предмет Семестар ЕКТС Фонд часови
1 Структурна биоинформатика и протеомика IX 6 4+0+0+0
2 Обработка на податоци во биоинформатика IX 6 4+0+0+0
3 Примена на бранчиња во нумерички симулации IX 6 4+0+0+0
4 Процесирање информации во биолошки системи IX 6 4+0+0+0
5 Вовед во пресметковна невронаука IX 6 4+0+0+0
6 Основи на генетско инженерство X 6 4+0+0+0
7 Математичка биологија X 6 4+0+0+0
8 Процесирање на биолошки секвенции X 6 4+0+0+0

 

Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.