Македонски Телеком има потреба од  студенти кои се при крај со своите студии, кои би сакале својата кариера да ја започнат на работно местo   Соработник за апликативни решенија  во   DWH/BI Домаинот во  Служба за ERP и DWH

 

 

Истиот ќе биде ангажиран за следниве активности:

Работни задачи:

  • Учествува во извршувањето на активностите за апликативно одржување на системите кои се наоѓаат во DWH/BI доменот во согласност со интерните прописи на компанијата во правец на обезбедување на соодветно функционирање и работење на системите
  • Учествува во извршувањето  активностите за проектите кои се планирани или се во тек во DWH/BI доменот во согласност со интерните прописи на компанијата
  • Учествува во извршувањето на активности во делот за дизајн на интерфејси во DWH системот со изворните системи.
  • Учествува во дневно следење на ETL процеси и корекција на грешките како и месечното извршување на ETL процеси за месечните трансфери на податоци
  • Учествува во дизајн и имплементација на OLAP коцки, развој, одржување и следење на процесот за освежување на OLAP коцките
  • Учествува при моделирање на податоците во BI алатката, креирање на Пакети, дизајн, имплементација и одржување на извештаите во истата
  • Учествува во извршувањето на секојдневните активности во делот за администрација и одржување на ETL (Oracle Warehouse Builder), BI системот (Cognos), SPSS како и SAS Campaign management системот
  • Учествува во изработка на ad-hock извештаи и сложени извештаи по барање на деловните корисници како и месечно креирање на финансиските извештаи

Од студентите се очекува да ги поседуваат следниве знаења и вештини:

 

  • Одлично познавање SQL, PL/SQL, Oracle RDBMS
  • познавање на Unix OS и Windows OS

 

Сите заинтересирани студенти своите биографии да ги доставуваат најдоцна до 16.08.2020 година на следната маил адреса sonja.kargova@telekom.mk или на career@telekom.mk,

1