Дарко Сасански е роден на 08.10.2001 година во Скопје. Основно образование завршил со континуиран одличен успех во Скопје, додека средно образование завршил во гимназијата „Раде Јовчевски - Корчагин“ во Скопје со континуиран одличен успех. Во 2020 година се запишува на додипломски студии на насоката Софтверско инженерство и информациски системи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје. Дипломира во август 2024 година со просечна оцена 9,67, со дипломски труд „Автоматско мапирање на состојки од Recipe1M+ со концепти од онтологиите FoodOn, USDA и FooDB“ под менторство на проф. д-р Ристе Стојанов.
Паралелно со студиите, во јуни 2023 година, започнува со ангажман во IWM Network како практикант и потоа како софтверски инженер во октомври 2023 година, каде е одговорен за развој и одржување на SaaS апликација: Aqtos. Исто така, соработува на разни проекти поврзани со семантички податоци и нивно поврзување и мапирање од областа на нутриционизмот и науката за храна. Има искуство од областите на веб програмирање, семантички веб, обработка на природни јазици и интеграција на напредни NLP техники и големи јазични модели (LLM).
Научни полиња од особен интерес за кандидатот се: веб програмирање, софтверско инженерство, машинско учење, длабоко учење, семантички веб и обработка на природни јазици.
Во учебната година 2024/2025 се запиша на постдипломски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, на студиската програма Data science in computer science and engineering. Во 2024 година во октомври е избран за демонстратор на факултетот.