Почитувани студенти,

 

Ве известуваме дека уверение за редовен студент, УППИ образец и уверение за положени испити може да ги добите по електронски пат со поднесување на електронско барање преку системот iknow и испраќање на електронска порака на jasna.bozhinova@finki.ukim.mk

Во прилог на пораката треба да има пополнет УППИ образец и уплата од 100 денари на сметката на ФИНКИ за уверение за положени испити.

Апелираме да се користи добивање потврди по електронски пат поради пандемијата со корона вирусот.