Студентската организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје од 1 Октомври почнува со реализирање на серија бесплатни курсеви кои ќе бидат достапни за ограничен број на студенти на УКИМ. Серијата од различни модули под името ЕЕСТЕК Академија ќе почнат да се реализираат на техничкиот кампус на УКИМ. Предавањата на секој од овие курсеви ќе бидат на атрактивни теми, а нивната реализација ќе ја вршат гостински предавачи или во соработка со факултети и компании. Идејата за реализација на овој проект е на студентите да им се понуди моќно комплементарно образование надвор од академската програма, а со цел тие да ги прошират своите видици и да постигнат лично надградување и развој.
Темите кои беа обработени со првата ЕЕСТЕК Акедемија овозможија учесниците да се стекнат со знаења на теми кои не се опфатени со образовниот систем. Академијата вклучуваше вкупно 5 посебни модули со кои ќе се продолжи и оваа година, на уште поатрактивни теми кои им недостасуваат на студентите во образовниот систем. За секој од модулите ќе има посебно пријавување и селекцијата за учество.
Ако сакаш бидеш дел од првата македонска crowdcoded апликација, ти требаат само познавања од Android или .NET. Ќе има и натпревар за дизајн, па ако си одличен дизајнер може да се вклопиш во тимовите. S4E Hackathon-от е одлично место да покажеш што знаеш, да се забавуваш, да се натпреваруваш и да бидеш забележан/а. S4E Hackaton-от поддржан од Systems4Enterprise има чест да биде првиот модул од EESTEC Academy 2016/2017. Најуспешните тимови ќе освојат Raspberry Pi 3, одлични книги, а за најдобриот дизајнер таблет Amazon Fire!
Заинтересираните треба да испратат апликација на овој линк , а може да аплицираат сами или во тим.