game_jam_plus8833_0.jpg

Светот на игрите е твоја пасија и сакаш да изработуваш игри за мобилни телефони, a не мислиш дека климатските промени се светска завера.

"КРЕИРАЈ ИГРА ЗА ПЛАНЕТАТА" е натпревар кој на учесниците им дава можност да се натпреваруваат за награда од 1300€ со тоа што ќе креираат игра за мобилни/паметни телефони на тема климатските промени и животната средина.

Натпреварот ќе се одржи викендот од 14 до 16 октомври 2022 г. и е дел од Фаза 1 на Game Jam Plus Macedonia 2022-2023 настанот.

Регистрацијата е на следниот линк: https://www.eventbrite.com/e/430109819047

Натпреварот е под покровителство на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, a финансиски е поддржан преку проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени, финансиран од Владата на Шведска.“

Како концепт овој натпревар е сличен на награден конкурс на зададена тема, а наградата е вид на хонорар за комплетно изработена игра. Играта може да биде casual, hyper-casual или во жанр по ваш избор.

Победува само една игра односно прототип на игра развиен за време на 48-часовниот Game Jam Plus натпревар. Во наредните 2 месеца играта треба да ги помине процесите на развивање, тестирање, одобрување и издавање на Google Play и App Store и за истото ќе биде склучен договор за соработка со покровителот на натпреварот. При работата тимовите ќе може да се советуваат и да соработуваат со менторите на Game Jam Plus Macedonia.

Натпреварувачите можат да се пријават за учество на физичката локација во Kasarna HUB Охрид или да работат виртуелно од било која локација на територија на Македонија.

За учество на овој натпревар не треба да се плаќа котизација, ниту на физичката ниту на виртуелните локации. Котизацијата е покриена од страна на покровителот. Условот за ослободување од котизација е пријавените учесници да работат исклучиво на игра за мобилни телефони на тема климатските промени и животната средина.

Тимовите треба да бидат до најмногу 4 учесници. Ви препорачуваме да дојдете со претходно оформен тим од 2,3 или 4 члена, но може да работите и како самостоен учесник.

За да учествувате треба да имате најмалку 17 години. Лицата помлади од 17 години може да учествуваат само доколку се дел од тим со членови кои се постари од 17 години.

Победникот на овој натпревар, задолжително продолжува да се натпреварува и во европското полуфинале на Game Jam Plus. И останатите игри од натпреварот исто така влегуваат во избор за да продолжат кон фазите на инкубација и полуфинале на Game Jam Plus.

За сите учесници кои ќе работат на физичката локација ќе бидат обезбедени 6 оброци, ужини, безалкохолни пијалоци и кафе; интернет, рекреативни активности и други удобности за непречена работа. За учесниците и на физичката и на виртуелните локации, ќе се одржуваат лекции и ќе има ментори кои ќе им помагаат во работата и ќе ги обучуваат.

Пријави се на натпревар и изрази ја својата креативност. Допринеси за подобро справување со климатските промени и животната средина. Сите акции се важни, #ЗаедноЗаКлиматскаАкција!

*Настанот финансиски е поддржан преку проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени, финансиран од Владата на Шведска. “

 natprevar_square8835.jpg

---------------------------------------
‼ Доколку сакате да учествувате на Game Jam Plus Macedonia надвор од натпреварот "КРЕИРАЈ ИГРА ЗА ПЛАНЕТАТА" или да се информирате за главниот настан/натпревар продолжете на следниот линк https://www.facebook.com/events/551449200141616/

0