Почитувани студенти,
 
Ве известуваме дека ФИНКИ го интегрираше издавањето на дел од документите како електронски документи дигитално потпишани во ПДФ формат преку системот iknow.
 
Следните документи можете да ги добиете по електронски пат:
  • Уверение за редовен студент
  • Уверение за положени испити
  • УППИ образец
Упаството за начинот на издавање на документите е достапно на следниот линк:
 
Електронските документи се валидни и истите студентите ги добиваат на нивните официјални маилови. Дополнително студентите може да пристапат до сите издадени електронски документи издадени последната година преку депо на електронски документи на следниот линк:
 
Доколку уплатата ја извршите преку iknow (за документите за кои наплаќа согласно ценовникот), студентите нема потреба да одат на Студентска служба.