Заверката на зимскиот и уписот на летниот семестар во учебната 2024/2025 година за студентите од II циклус на студии ќе се врши од 28.10.2024 до 01.11.2024 година, заклучно со 01.11.2024, од 09:00 до 12:00ч на шалтерот на Студентската служба на ФИНКИ во зградата на ТМФ.

Потребни документи за запишување на зимскиот семестар:

  1. Индекс
  2. Образец за заверување на семестар
  3. Образец за запишување семестар (доставуваат сите студенти кои сеуште не магистрирале, односно се запишува празен семестар)
  4. Интерен пријавен лист (само за студентите кои запишуваат предмети)
  5. Уплатница за следната рата од школарината, согласно договорот за студирање

За студенти кои преслушуваат предмет дополнително се потребни:

Уплатница (во вредност на кредитите што ги носат предметите кои се преслушуваат според студиската програма)
цена на чинење на 1 кредит = 1/60 од вредноста на студиската програма за едногодишните, односно 1/120 за двогодишните студиски програми.
Уплатата се врши во денарска противвредност според средниот курс на НБРМ на денот на уплатата

Рокот за носење на документите е заклучно со 01.11.2024