Инженерската институција на Македонија по повод 21 март, Денот на македонските инженери, избира млад инженер на годината за 2025 година. Целта на оваа иницијатива е широка и ефикасна промоција на младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се определуваат за инженерска професија.

Старосната граница за пријавување е 35 години (вклучувајќи и 35 години).
Критериуми по кои се избира млад инженер на годината се:

  • постигнати инженерски резултати во 2025 година
  • лидерство и инспирација на младите; 
  • креативност и иновативност; 
  • споделување на знаење и ангажирање во заедницата; 
  • општествено и етичко влијание на околината.

Повикот е отворен до 15.02.2026 година.
Наградата е платено учество на Европската конференција на млади инженери. 

Свеченото прогласување ќе се одржи на 31.03.2026, на настан по повод Денот на македонските инженери.

Пријавете се на линкот: https://lnkd.in/du36AADN