Почитувани студенти,
На 10.06.2024 година (понеделник) во периодот од 8 до 12 часот ќе се одржат овогодинешните Избори за состав на Факултетското Студентско Собрание на ФИНКИ.

Во прилог се испратени: 
1. Избирачки список
2. Кандидатури 
3. Гласачко ливче
4. Упатство за работа на изборна комисија

Потребно е да проверите дали сте на списокот и за увиден проблем да ја контактирате Избирачката Комисија најдоцна 12 часа пред изборите. Според кандидатурите може да одлучите за кого би гласале на гласачкото ливче во прилог. На денот на изборите сите ќе добијат меил со единствен линк за гласање на кој ќе можат да гласаат само еднаш. Гласањето е анонимно и за истото ќе добиете инструкции на денот на Изборите.