1. Општи информации

 

Постдипломските студии по интелигентни системи имаат за цел обезбедување на врвен научен и истражувачки кадар за задоволување на сé поголемата побарувачка за висококвалификувани инженери способни за совладување на најпредизвикувачките развојни, истражувачки и процесни проблеми. Студентите на оваа студиска програма се здобиваат со знаења кои им обезбедуваат голема професионална флексибилност и широк избор на работни места секаде каде постои потреба од примена на вештини за решавање на проблеми, како и вештини за критичко размислување, кои ќе ги користат за решавање на комплексни проблеми кои се во доменот на интелигентните системи. Студентите кои се запишуваат и завршуваат на оваа насока се многу барани во компаниите и истражувачките центри. Освен што би биле обучени да учествуваат во развивање, имплементација и одржување на најразлични апликации од доменот на интелигентните системи, вклучувајќи го и бизнис доменот, тие ќе ја имаат и потребната основа да продолжат со докторски студии, како и да учествуваат во интердисциплинарни проекти од науката и технологијата.

  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
  • Назив на студиската програма: Академски студии од втор циклус по Интелигентни системи
  • Научно - истражувачко подрачје: техничко-технолошко / природно математичко
  • Поле: компјутерски техника и информатика / информатика
  • Области: Вештачка интелегенција, Интелигентни системи, Бази на податоци, Нумеричка анализа, Алгоритми, Обработка на информации, Процесирање на податоци, Роботика, друго.
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС или 120 ЕКТС кредити.
  • Траење на студиите: 2 или 4 семестри.
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
  • Услови за запишување на студиите: согласно конкурсот кој го распишува универзитетот, завршени додипломски студии на информатички науки, компјутерски или сродни насоки кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
  • Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со првиот семестар на постдипломските студии.
  • Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
  • Втор семестар: 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетската листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект – магистерска тема од 18 ЕКТС.
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман.
  • Бројот на контактни часови е 4.
  • Академскиот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите е

 

-Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од област Интелигентни системи

 

 

2. Студии

Табела 3: Листа на предметите на постдипломски студии

РБ Предмет Семестар З/И ЕКТС
1 Моделирање и фузирање на неструктурирани податоци IX З 6
2 Напредни теми од вештачка интелигенција и машинско учење IX З 6
3 Современи интелигентни системи IX З 6
4 Изборен од табела 4 IX И 6
5 Изборен од табела 4 IX И 6
6 Изборен од табела 4 X И 6
7 Изборен од табела 4 X И 6
8 Магистерска тема X З 18

 

Во табела 4 се дадени изборните предмети од студиската програма Интелигентни системи. Освен овие предмети, студентот може да избира и од сите изборни предмети, дефинирани за сите студиски програми, од вториот циклус кои ги сервисира факултетот. Дозволено е еден изборен предмет да се избере од универзитетската листа на слободни изборни предмети.

Табела 4: Изборни предмети

РБ Предмет Семестар ЕКТС Фонд часови
1 Анализа и дизајн на информациони системи IX 6 4+0+0+0
2 Мобилни веб сервиси IX 6 4+0+0+0
3 Алгоритми и програмирање во роботика IX 6 4+0+0+0
4 Колективна интелигенција IX 6 4+0+0+0
5 Интелигентни кориснички интерфејси IX 6 4+0+0+0
6 Вовед во финансиско инженерство IX 6 4+0+0+0
7 Амбиентална интелигенција IX 6 4+0+0+0
8 Системи за податочно-базирано деловно одлучување IX 6 4+0+0+0
9 Роботски системи IX 6 4+0+0+0
10 Содржински базирано индексирање и пребарување IX 6 4+0+0+0
11 Еволуциско пресметување X 6 4+0+0+0
12 Агентно-базирано моделирање X 6 4+0+0+0
13 Информациони системи базирани на знаење X 6 4+0+0+0
14 Пресметувачка теорија на игри X 6 4+0+0+0
15 Репрезентација и откривање на знаење со приближнo пресметување X 6 4+0+0+0
16 Интеракција човек-робот X 6 4+0+0+0
17 Пресметковни парадигми во интернет на нештата X 6 4+0+0+0
18 Математички методи во роботика X 6 4+0+0+0
19 Колаборативни компјутерски системи X 6 4+0+0+0
20 Сензорско-роботски системи X 6 4+0+0+0
21 Интелигентни мобилни апликации X 6 4+0+0+0
22 Мултимодална интеракција X 6 4+0+0+0
23 Откривање знаење во големи граф податоци X 6 4+0+0+0

 

Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.