Врз основа на член 163 од Законот за високото образование (Сл. Весник 82 од 08.05.2018 година), член 20 и 53 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Одлуката бр. 02-2423/1 од 26.09.2109 година за воспоставување на критериуми за избор на демонстратори во учебната 2019/20 година и член 57 од Статутот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје (Унив. Гласник бр. 433 од 09.10.2019 година), се распишува следниов
ИНТЕРЕН КОНКУРС
За избор на демонстратори за академската 2019/2020 година
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје распишува конкурс за избор на единаесет демонстратори за учебната 2019/20 година.
Критериуми за избор
За да биде избран демонстраторот треба да ги исполнува минималните критериуми предвидени во Законот за високото образование, Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Посебните критериуми за избор на демонстратори во учебната 2019/20 година донесени од Наставно научниот совет на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и тоа:
- Демонстратор може да биде лице кое е студент на втор или трет циклус студии од соодветна област (Области од наставно научните подрачја 110 ОЕЦД - информатика и 212 ОЕЦД компјутерска техника и информатика)
- За демонстратор може да биде избран студент кој ги има завршено студиите од прв циклус студии по ЕКТС со освоено 240 ЕКТС кредити на соодветна студиска програма од областа (области од наставно научните подрачја 110 ОЕЦД - информатика и 212 ОЕЦД компјутерска техника и информатика) со просечна оценка од најмалку 8,50
Како критериум за избор се земат:
- учество од 47,5% на просекот на завршени додипломски студии
- учество од 47,5% на просекот од задолжителните предмети на студиската програма на која студирал кандидатот на додипломските студии
- 5 % од интервју (оценка на афинитети од областите кои ги покрива)
- Предност имаат кандидатите кои завршиле студии на повисоко рангирани универзитети. (се пресметува тежински фактор односно коефициент според рангот на универзитетот)
- Предност имаат кандидатите кои се внесени во базата за можни демонстратори на Факултетот.
Обем, надоместок и траење на ангажманот
Демонстраторите согласно потребата ќе бидат ангажирани за дежурање и одржување на аудиториски и лабораториски вежби со максимално оптоварување од 12 часа аудиториски вежби односно 8 аудиториски + 8 лабораториски вежби. (сооднос аудиториски/лабораториски е 1/2). Освен наведеното, сите демонстратори имаат обврска да учествуваат и на други активности (дежурање на испити, промотивни активности и сл.).
За целосен максимален ангажман на демонстраторот му следува надоместок во максимален износ од 30.000,00 денари нето месечно.
Работното време е 40 работни часа во текот на неделата согласно распоред на настава и други дополнителни работни задачи.
Демонстраторите се избираат до завршетокот на учебната 2019/20 година.
Кандидатите треба да достават:
- Пријава за позицијата за која аплицираат
- Кратко СВ (со контакт телефон и меил адреса)
- Доказ дека е студент на втор или трет циклус студии на соодветна студиска програма
- Доказ дек има завршено прв циклус студии по ЕКТС со освоено 240 ЕКТС кредити со просек од мин. 8,5.
- Уверение за положени испити од прв циклус студии
- Потврда за познавање на македонски јазик доколку студиите ги има завршено на друг јазик
Пријавите се поднесуваат најдоцна 5 дена од објавување на интерниот конкурсот во Деканатот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, ул. Руџер Бошковиќ 16, Скопје.