Документи за пријавување и запишување

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

 

Во прилог на приjавата, треба да се донесат следниве документи:

1. пријава за запишување од Универзитетот (образец А1, потпишана)

2. електронска пријава од факултетот, интерен пријавен лист (отпечатена од iKnow-системот, потпишана)

3. оригинални свидетелства од сите класови

4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)

5. извод од матичната книга на родените

6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)

7. потврда за уплатa:

 

Заради поефикасно процесирање на документите за упис, а согласно точка XI од конкурсот за упис на УКИМ, документите во хартиена форма, треба да се донесат во просториите на ФИНКИ на наведените датуми од 09:00 до 14:30 часот.