Наставата на ФИНКИ во зимскиот семестар во учебната 2021/2022 година ќе се одвива со хибриден начин на работа.

Согласно тековната состојба, наставата во зимскиот семестар ќе започне и ќе се одвива целосно online преку системите за далечинско учење на ФИНКИ, а во зависност од состојбата со пандемијата, можно е делумно одвивање на дел од наставата по одредени предмети со физичко присуство, доколку се обезбедат услови за тоа.