Ве информираме дека заради поефикасно процесирање на документите за упис, а согласно точка XI од конкурсот за упис на УКИМ, документите ќе се носат физички во просториите на ФИНКИ во деновите за упис, 30 и 31ви Август од 9 до 14:30 часот.
Потребните документи, како што е наведено на конкурсот (https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs_I_ciklus_2022-23.pdf) се:
1. пријава за запишување(образец А1);
2. Отпечатена и потпишана електронска пријава(од iKnow-системот);
3. оригинални свидетелства од сите класови;
4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
5. извод од матичната книга на родените;
6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение);
7. потврда за уплатa:
- Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00);
- 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата;