1. Општи информации
Постдипломските студии по компјутерски науки се стремат кон врвно европско образование и обучување кадри, кои по завршувањето на студиите ќе можат да ги задоволат потребите на како на комерцијалните комании од информатичката индустрија, така и врвните научно – истражувачки институции во земјава и во странство.
- Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
- Назив на студиската програма: академски студии од втор циклус по Компјутерски науки
- Научно - истражувачко подрачје: природно - математичко
- Поле: информатика
- Област: Информациони системи и програмирање, Сметачки интегрирани методи и апликации, Алгоритми, Оптимизација, Симулација, Развивање на софтвер и бази на податоци.
- Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС или 120 ЕКТС кредити.
- Траење на студиите: 2 или 4 семестри.
- Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
- Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот се состои од наставни предмети и од завршниот проект, т.е. магистерската тема.
- Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на информатика или компјутерски насоки кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
- Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
- Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
- Втор семестар: 1 задолжителен предмет и 1 изборен, кој може да биде од универзитетска листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС.
- 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман.
- Бројот на контактните часови е 4.
- Академскиот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите е
– Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на компјутерски науки
2. Воведувачки слој
Воведувачкиот слој им е наменет на студентите кои студии кои траат помалку од четири години или стекнале помалку од 240 кредити од претходните студии.
Табела 1: Листа на предметите на воведувачкиот слој
РБ | Предмет | Семестар | ЕКТС |
1 | Задолжителен предмет 1 од Табела 2 | VII | 6 |
2 | Задолжителен предмет 2 од Табела 2 | VII | 6 |
3 | Задолжителен предмет 3 од Табела 2 | VIII | 6 |
4 | Задолжителен предмет 4 од Табела 2 | VIII | 6 |
5 | Изборен предмет 11 | VII | 6 |
6 | Изборен предмет 21 | VII | 6 |
7 | Изборен предмет 31 | VII | 6 |
8 | Изборен предмет 41 | VIII | 6 |
9 | Изборен предмет 51 | VIII | 6 |
10 | Избор од универзитетската листа слободни предмети | VIII | 6 |
[1] Избор од листите на предмети од воведувачкиот слој на сите магистерски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство
Изборните предмети може да се одберат од предложената листа на предмети на студиската програма (Табела 2), или пак од предложените листи на предмети од воведувачки слој на другите студиски програми на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Изборот на предмети треба да е направен соодветно на претходните знаења на кандидатот и потребните знаења за продолжување со постдипломските студии по интелигентни системи. При изборот на предметите, студентот треба да се координира со раководителот на студиската програма. Дозволен е и еден слободен избор на предмет кој се наоѓа на универзитетската листа на предмети за првата година од двогодишни постдипломски студии.
Табела 2: Листа на предмети
РБ | Kод / Предмет | Семестар | ЕКТС | Предуслов2 | |
1 | CSEW317 Формални јазици и автомати | VII | 6 | нема | |
2 | CSEW308 Линеарна алгебра | VII | 6 | нема | |
3 | CSEW303 Веројатност и статистика | VII | 6 | Калкулус 1, Дискретна математика 2 | |
4 | CSEW517 Машинско учење | VII | 6 | нема | |
5 | CSEW507 Визуелизација | VII | 6 | Објектно-ориентирано програмирање | |
6 | CSES419 Алгоритми и сложеност | VIII | 6 | Еден од предметите: Алгоритми и податочни стуктури, Алгоритми и структури на податоци, Структури на податоци | |
7 | CSES622 Податочно рударство | VIII | 6 | ||
8 | CSES619 Напредни бази на податоци | VIII | 6 | Бази на податоци | |
9 | CSES621 Паралелно програмирање | VIII | 6 | Напреден развој на софтвер | |
10 | CSES629 Складови на податоци и аналитичка обработка | VIII | 6 | Алгоритми и податочни структури, Бази на податоци |
[2] Насловите на предметите се дадени според наставните планови на додипломските студии на Факултетот за информатички технологии и компјутерско инженерство, УКИМ, Скопје. Студентите кои завршиле на други институции ќе треба да прикажат положени испити по предмети соодветни на наведените за да ги исполнат предусловите за соодветниот предмет.
По успешното завршување на сите десет предмети и остварени 60 кредити, студентот со претходно стекнати 180 ЕКТС кредити (или завршени тригодишни студии) продолжува со предметите од втората студиска година на постдипломски студии – Табела 3 (IX и X семестар).
3. Студии
Табела 3: Листа на предметите на постдипломски студии
РБ | КОД / Предмет | Семестар | З/И | ЕКТС |
1 | КН-З-01 Напредни алгоритми | IX | З | 6 |
2 | КН-З-02 Методи за оптимизација | IX | З | 6 |
3 | КН-З-03 Формални методи | IX | З | 6 |
4 | Изборен предмет | IX | И | 6 |
5 | Изборен предмет | IX | И | 6 |
6 | КН-З-04 Истражувачки методи и техники за пишување | X | З | 6 |
7 | Изборен предмет | X | И | 6 |
8 | Магистерска тема | X | З | 18 |
Најмалку еден изборен предмет треба да се избере од понудените изборни предмети во Табела 4. Најмногу еден од изборните предмети може да се избере од Универзитетската листа на предмети од магистерски студии. Најмногу два изборни предмети може да се одберат од предмети понудени на останатите постдипломски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
Табела 4: Изборни предмети
РБ | Нов код / Предмет | Семестар | ЕКТС | |
1 | КН-И-01 Модерни симулации и моделирање | IX | 6 | |
2 | КН-И-02 Концепти и примена на големи податоци | IX | 6 | |
3 | КН-И-03 Перформанси, доверливост и безбедност на бази на податоци | IX | 6 | |
4 | КН-И-04 Теорија за комплексност | IX | 6 | |
5 | КН-И-05 Обработка на текстуални податоци | IX | 6 | |
6 | КН-И-06 Современи трендови за паралелно процесирање | IX | 6 | |
7 | КН-И-07 | |||
8 | КН-И-08 Моделирање и управување на големи податоци | X | 6 | |
9 | КН-И-09 Бајесова анализа на податоци | X | 6 | |
10 | КН-И-10 Рударење кај бизнис процеси | X | 6 | |
11 | ИС-З-02 Напредни теми од вештачка интелигенција и машинско учење | IX | 6 | |
12 | СИ-И-01 Анализа и предвидување на временски серии | IX | 6 | |
13 | БК-И-07 Математичка логика за компјутерски науки | IX | 6 | |
14 | ИТ-И-05 Податочна визуелизација | IX | 6 | |
15 | ИС-И-16 Пресметувачка теорија на игри | X | 6 | |
16 | БК-И-08 Напредни алгебарски структури | X | 6 |
Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.