Врз основа на член 163 од Законот за високото образование (Сл. Весник 82 од 08.05.2018 година), член 20 и 53 од Правилникот  за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Одлуката бр. 02-78 од 15.01.2019 за воспоставување на критериуми за избор на демонстратори во учебната 2018/19 година и член 49 од Правилникот за внатрешни односи и работење на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, се распишува следниов

 

ИНТЕРЕН КОНКУРС

За избор на демонстратори за академската 2018/2019 година

 

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје распишува конкурс за избор на демонстратори за учебната 2018/19 година и тоа:

  1. Два демонстратори од областа информатика и компјутерска техника и информатика на институтот Софтверско инженерство
  2. Два демонстратори од областа информатика и компјутерска техника и информатика на институтот Интелигентни системи
  3. Два демонстратори од областа информатика и компјутерска техника и информатика на институтот информациски системи и мрежни технологии
  4. Два демонстратори од областа информатика и компјутерска техника и информатика на институтот за теориски основи на информатика и пресметковно инженерство

 

Критериуми за избор

За да биде избран демонстраторот треба да ги исполнува минималните критериуми предвидени во Законот за високото образование, Правилникот  за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје  и Посебните критериуми за избор на демонстратори во учебната 2018/19 година донесени од Наставно научниот совет на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и тоа:

  1. Демонстратор може да биде лице кое е студент на втор или трет циклус студии од соодветна област (Области од  наставно научните подрачја  110 ОЕЦД - информатика  и 212 ОЕЦД компјутерска техника и информатика)
  2. За демонстратор може да биде избран студент кој ги има завршено студиите од прв циклус студии по ЕКТС со освоено 240 ЕКТС кредити на соодветна студиска програма од областа (области од наставно научните подрачја  110 ОЕЦД - информатика  и 212 ОЕЦД компјутерска техника и информатика) со просечна оценка од најмалку 8,50

Како критериум за избор се земат:

  • учество од 45% на просекот на завршени додипломски студии
  • учество од 45% на просекот од задолжителните предмети на студиската програма на која студирал кандидатот на додипломските студии
  • 10 % од интервју (оценка на афинитети од областите кои ги покрива соодветниот институт и способност за изведување настава)
  • Предност имаат кандидатите кои завршиле студии на повисоко рангирани универзитети. (се пресметува тежински фактор односно коефициент според рангот на универзитетот)

Обем, надоместок и траење на ангажманот

Демонстраторите согласно потребата ќе бидат ангажирани за дежурање и одржување на  аудиториски и лабораториски вежби со максимално оптоварување од 12 часа аудиториски вежби односно 8 аудиториски + 8 лабораториски вежби. (сооднос аудиториски/лабораториски е 1/2)

За целосен максимален ангажман на демонстраторот му следува надоместок во максимален износ од 30.000,00 денари нето месечно.

Демонстраторите се избираат до завршетокот на учебната 2018/19 година односно од 01.03.2019 до 30.09.2019 година.  

 

Кандидатите треба да достават:

  • Пријава за позицијата за која аплицираат со јасно наведен број на позицијата за која аплицираат. (кандидатите смеат да се пријават само на една од наведените позиции по овој интерен конкурс)
  • Кратко СВ (со контакт телефон и меил адреса)
  • Доказ дека е студент на втор или трет циклус студии на соодветна студиска програма
  • Доказ дек има завршено прв циклус студии по ЕКТС со освоено 240 ЕКТС кредити со просек од мин. 8,5.
  • Уверение за положени испити од прв циклус студии
  • Потврда за познавање на македонски јазик доколку студиите ги има завршено на друг јазик

 

Рок на пријавување 5 дена од објавување на соопштението.

Документите се доставуваат во архивата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје, улица Руџер Бошковиќ 16, Скопје.