Институтот за технологија, Пекинг, Кина доделува стипендии за целосни студии и размена на студенти (УКИМ) од сите три циклуси на студии за академската 2017/2018 година. Понудени се два вида на стипендии:

  •  3 целосни стипендии за втор и трет циклус на студии, CSC (China Scholarship Council). Мастер програмата е во траење од 2 години, а докторските студии во траење од 4 години. Рок за доставување на предлог-кандидати до Ректоратот на УКИМ е 15.02.2017. ·
  • 5 стипендии, BIT (Beijing Institute of Technology) за размена на студенти од сите три циклуси (освен за додипломски прва година). Рок на доставување на предлог кандидати до Ректоратот на УКИМ е 10.05.2017 година.

Повеќе информации околу наставните програми на англиски јазик на следната веб страна: www.bit.edu.cn

Рангирањето го прави факултетот и ги доставува апликациите до Ректоратот на УКИМ.