10/03/2025

ФИНКИ, во соработка со Студентскиот парламент на ФИНКИ (СПФИНКИ), со гордост го поддржува Контакт 2025, најголемиот саем за вработување и пракса во ИТ индустријата! Настанот ќе се одржи од 17 до 20 март 2025 во холот на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ).
Дали си подготвен да го направиш следниот чекор во својата кариера? Контакт 2025 ти овозможува да запознаеш врвни компании, да слушнеш од прва рака какви можности нудат и да стапиш во контакт со потенцијални работодавци!
Што те очекува на Контакт 2025?
- Саемски дел – Лично запознај ги претставниците на компаниите и дознај какви можности нудат.
- Онлајн презентации – Следи инспиративни сесии од индустриски експерти и дознај повеќе за најновите технологии.
- Можности за пракса и вработување – Добиј директен пристап до отворени работни позиции.
- Вмрежување и нови контакти – Изгради ја својата професионална мрежа уште додека студираш.
Ова е твојата шанса да направиш чекор напред во кариерата и да се поврзеш со водечките компании во ИТ светот!
Зачувај го датумот и подготви се за нови можности!
1