Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје е домаќин на првата BEiNG-WISE Летна школа. Настанот, се оддржува од 26-27 јуни 2024 година и е посветен на "Сајбер безбедноста и човечкиот фактор во ерата на напредни комуникациски технологии". Организиран од COST акцијата CA22104, школата обединува студенти, истражувачи и професионалци од Европа за истражување и решавање на предизвици во сајбер безбедноста. Учесниците се вклучени во интердисциплинарни истражувања и работа на практични апликации со цел унапредување на нивните вештини и знаења во ова критично поле.
Домаќини на летната школа се проф. д-р Весна Димитрова и проф. д-р Иван Чорбев.
За повеќе информации за школата, посетете го сајтот на акцијата BEiNG WISE.