Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во вториот уписен рок за академската 2019/2020 година. Листата можете да ја најдете на следниот линк.
 
По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 16.09.2019 од 10:00 часот, најдоцна до 17.09.2019 до 10:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти.

Техничките пропусти се однесуваат на:
Печатна грешка на лични податоци
Печатна грешка на основен избор на студиска програма, избор со кофинансирање, избор на специјални услови или редослед на студиски програми
Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)

Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образец во службата за студентски прашања на ФИНКИ во просториите на ТМФ, приземје.

Студентската служба на ФИНКИ работи секој работен ден од 08:00–16:00 часот.