Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во првиот уписен рок за академската 2016/2017 година. Листата можете да ја најдете на порталот за идни студенти на ФИНКИ, во делот Документи, или на овој линк[PDF].
 
По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 23.08.2016 од 10:00 часот, најдоцна до 24.08.2016 до 10:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти. 

Техничките пропусти се однесуваат на:

  • Печатна грешка на лични податоци
  • Печатна грешка на основен избор на студиска програма, избор со кофинансирање или редослед на студиски програми
  • Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)

Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образец во службата за студентски прашања на ФИНКИ во просториите на ТМФ, приземје. 

Студентската служба на ФИНКИ работи секој работен ден од 08:00–16:00 часот.