Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во првиот уписен рок за академската 2021/2022 година. Листата ги содржи само кандидатите кои во предвидениот рок ги пратиле сите потребни документи согласно конкурсот. 
Листата можете да ја најдете на следниот линк.

По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 03.09.2021 од 19:00 часот, најдоцна до 06.09.2021 до 12:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти. 

Техничките пропусти се однесуваат на:
Печатна грешка на основен избор на студиска програма, избор со кофинансирање, избор на специјални услови или редослед на студиски програми
Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)

Приговорите се доставуваат со пополнување и потпишување на образецот, кој треба да се испрати по електронска пошта на upisi-finki@ukim.edu.mk