Марија Танеска е родена во 2000 година во Охрид. Основно и средно образование завршила во Охрид со континуриан одличен успех. Своето образование во 2019 година го продолжува на додипломските студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје, на насоката Интернет, мрежи и безбедност. Дипломирала во 2023 година со дипломскиот труд "Само-суверен идентитет (SSI) – револуција кон управувањето со дигиталниот идентитет". Истата година се запишала на постдипломски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, на насоката Безбедност, криптографија и кодирање.
Во октомври 2023 година е избрана за демонстратор и изведува аудиториски и лабораториски вежби по предметите Компјутерски мрежи и безбедност, Вовед во компјутерски науки, Информациска безбедност, Архитектура и организација на компјутери,
Објектно-ориентирано програмирање и Администрација на мрежи.