Мартина Тошевска е родена во 1995 год. во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје со континуиран одличен успех. Во 2014 год. се запишала на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, на студиската програма Компјутерски науки и инженерство. Во текот на студирањето е наградувана како дел од најдобрите студенти на ФИНКИ. Дипломира во 2018 год. со просечна оцена 9,70, со дипломски труд на тема „Креирање описи на медицински слики со техники на длабоко учење“. Во 2018 год. се запишала на постдипломските студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје на насоката Интелигентни системи. Магистрира во 2019 година со просечна оцена 10,00, со магистерски труд на тема „Автоматско креирање на стилизиран текст со длабоки невронски архитектури“. Во текот на студирањето изведувала практична работа како практикант за машинско учење во „Netcetera“. Во 2017 год. е избрана за демонстратор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје. Изведувала лабораториски вежби по предметите: Бази на податоци, Вовед во информатика и Вовед во интернет. Од 2019 год. изведува аудиториски и лабораториски вежби по предметите: Обработка на природни јазици, Интелигентни информациски системи, Вештачка интелигенција, Бази на податоци, Системи на знаење, Софтверско инженерство и Објектно ориентирана анализа и дизајн. Автор е на повеќе научни трудови објавени на домашни и меѓународни конференции. Полињата на нејзиниот научно-истражувачки интерес вклучуваат: вештачка интелигенција, длабоко учење, обработка на природни јазици, анализа на граф податоци, машинска визија, податочно рударење и др.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК