Почитувани,

Ве информираме дека на 8 и 9.5.2020 ќе се оддржи седумнаесеттата по ред Меѓународна конференција за информатика и информациски технологии - CIIT 2020 во организација на ФИНКИ. Оваа година конференцијата ќе се оддржи со видеоконференциска врска.

Повеќе информации за конференцијата можете да најдете нa ciit.finki.ukim.mk, каде е достапен и деталниот распоред на конференцијата. Сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат на конференцијата, може да не контактираат на ciit@finki.ukim.mk при што треба да испратат име, презиме и компанија во која работат или образовна институција во која студираат.

Ве очекуваме!