Милан Тодоровиќ е роден во 2001 година во Куманово. Основно и средно образование завршил во Куманово со континуиран одличен успех, за време на кои учествувал на повеќе регионални, државни натпревари и национални олимпијади во различни области и имал освоено повеќе награди и признанија. На додипломски студии се запишал во 2020 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, насока Софтверско инженерство и информациски системи. Во текот на студиите вршел практична работа во компанијата „Интелигента“. Во периодот октомври 2022 - октомври 2024 година бил ангажиран како лаборант на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, каде изведувал лабораториски вежби по предметите Структурно програмирање, Објектно ориентирано програмирање, Веб програмирање, Бази на податоци, Интегрирани системи и Оперативни системи. Во јули 2024 година дипломирал со дипломскиот труд „Анализа на поврзаноста на цените на храната во балканските земји“ и просечна оцена 9,88. Истата година се запишал на постдипломски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, на насока Софтверско инженерство. Во ноември 2024 година е избран за демонстратор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Области на негов научно-истражувачки интерес се софтверско инженерство, апликативен софтвер, бази и складишта на податоци, алгоритми и податочни структури.